Берово е оддалечено 170км од Скопје и има централна поставеност во однос на три аеродроми- во Скопје, Софија и
Солун.
До Берово може да стигнете со автомобил користејќи ја источната магистрала, преку Штип, Кочани, Виница. Од Р.Бугарија до Берово може да се дојде преку два гранични премини:
- Од преминот Делчево (45км) и - Од преминот Ново Село кај Струмица (76км) - Граничниот премин Клепало е на само 16км од Берово и се очекува наскоро да биде пуштен во употреба.
Од Р.Грција до Берово може да се дојде преку два гранични премини: - Од преминот Дорјан преку Струмица (90 км) - Од преминот Гевгелија преку Струмица (110 км) Од Р.Србија до Берово може да се дојде преку граничен премин: - Од преминот Табановце преку Куманово- Свети Николе-Штип-Кочани-Виница
Од Р.Албанија до Берово може да се дојде преку граничен премин: - Од преминот Ќафасан преку Струга-Охрид-Битола-Прилеп-Велес-Штип-Кочани-Виница - Од преминот Свети Наум преку Охрид-Битола-Прилеп-Велес-Штип-Кочани-Виница - Од преминот Дебар преку Гостивар-Тетово-Скопје-Велес-Штип-Кочани-Виница
Од Скопје доБерово и обратно има автобуски линии повеќе пати во текот на денот. Од Берово до Струмица и обратно има автобуски линии секој ден. Од Скопје преку Виница до Берово автобуски линии има во: 08:45; 9:30; 13:20; 14:00; 15:15; 16:30; 18:00 часот Од Скопје преку Делчево до Берово автобуски линии има во: 08:15;7:30; 12:30 часот;
Од Берово преку Виница до Скопје автобуски линии има во: 4:20; 05:15; 7.30; 10.15; 11:30;16.15; 17.35 часот. Од Берово преку Делчево до Скопје автобуски линии има во: 07:00; 8.20; 14.30 часот. Од Струмица до Берово: 14:00 часот. Од Берово до Струмица: 06.00; 07.15 часот.
Последно освежено на Недела, 15 Ноември 2009 11:53