Историја
Патување низ времето
Регионот Малеш бил заселен уште од праисториски времиња, за кое што сведочат и остатоците од населби и могилите. Големиот број регистрирани археолошки локалитети речиси не се изтражувани така да не може со сигурност да се каже од кое време се. Со теренско изтражување се соберени наоди, кои што даваат можност за релативна хронологија.
Според народното предание името Малешево е от илирско потекло и доаѓа од зборовите mal – планина и malesi – планинска месност. Некои од научниците сметаат дека топонимите Малеш, Малешево, т. е. Малесево доаѓаат од старословенските зборови - мал лес, што значи мала шума, мала планина.


Во 4 век Малешево е во составот на државата на Филип и Александар Македонски. По разпаѓањето на нивната империја, Македонија како и Малешево влегува во составот на римската провинција Македонија. Во 6 и 7 век на територијата на Малешево се заселуваат словени. На територијата на Малешево Константин Филосов ја составил азбуката кирилица. Со разпаѓањето на Македонското Самуилово Царство Малешево паѓа под византиска власт. Името Малешево за првпат во пишуваните извори е спомнато во грамотата на византискиот император Василиј II од 20. 05. 1920 г. во која зборува за бројот и составот на епархиите на Охридската архиепископија. Сто години подоцна Малешево се спомнува од страна на арабскиот патеписец Идриси. Некои научници, како Гае Цер сметаат, дека во 9 век епископијата од Морозвизд (Мородвис) била пренесена во Малешево, град кој што се наоѓал по горното течение на р. Брегалница, во прегратките на столетните букови и борови шуми, во чиј што состав според грамотата на Василий II се Малешево и Пијанец.
Малешево од 1334 г. влегува во составот на срдновековната српска држава, потоа е во составот на феодот на Константин Дејан и се претпоставува дека во 1394 година градот Малеш бил разрушен од турците
По Балканските и Првата Светска Војна Малешево влегува во составот на Кралството СХС
Денес Малешево како географски термин обфаќа површина од околу 80.560 м² и опфаќа две општини – Берово (град Берово и селата Русиново, Владимирово, Ратево, Двориште, Смојмирово, Мачево, Будинарци и Митрашинци) и Пехчево

Името Малешево и древниот град Малешево


За потеклото на името Малешево, најголем број на патописци, историчари и други истражувачи името Малешево го поврзуваат со лично име кое што постоело и врз основа на кое што градот го добил тоа име. Впрочем и денес на подрачјето на долниот терен иа општина Делчево и општина Каменица постои машко име Малиш. Исто така има и презимиња Малешевски, Малешевиќ. Јеремие
Павловиќ во книгата "Малешево и Малешевци" - (Београд 1928 година), исто така е наклонет да верува дека името Малешево потекнува од машко лично име, поткрепувајќи го тоа со постоење на имиња и презимиња Малешевец, Малешевиќ и др. Таквите мислења се уште немат научна поткрепа." Во недостиг на писмени извори историјата на Малешево како древен град и како подрачје може да се надополни со археолошки споменици и со топонимски материјал за што историчарите ќе го дадат својот збор.Некои истражувачи, пак, како Јордан Иванов сметаат дека "Град Малешево немало". Меѓутоа, ако се земат во предвид многубројните записи, па и археолошки остатоци (иако сеуште не доволно истражени) Малешево како град постоело.Според проф. Т.Томоски името Малешево го носи планинската област по горното течение на река Брегалница. Населби со назив Малешево се среќават во Косово, северно од Ораховац, како и во Албанија, на две места: - с.Малешева, југоисточно од Берат, и Малешево северно од Аргирокастро. Во XIV век е забележано име на местото Малеш во Нигритско. Понатаму проф.Томо Томоски пишува дека во иериодот од XI и XII век името Малешево го употребил охридскиот архиепископ Теофилакт во едно писмо до трнадичкиот епископ, каде што го спомнал и малешевскиот епископ МаХеббртр, Ј што упатува на тоа дека во XI и XII век ностоела епархија со седиште во Малешево. Во XII век имаме сведоштво во трудот "Географија" од Арабјанинот Идриси. Неговиот опис на Малешево гласи: "Од таму(мородвишка провинција) има ден и половина пат до местото Малешево". Кон крајот на XII вск во административната поделба на византиското царство имало и Малешевска-Морозвиздшка провинција.


Името Берово

 

За тоа како го добило Берово своето име, постојат две верзии. Според првата, тоа го добило своето име по името на некој си сточар Беро. Аргумент за ова е постоењето на таканаречената Берова ливада, во атарот меѓу селата Мачево и Робово,  за која се смета дека му припаѓала на овој сточар. Според втората верзија името берово произлегло од тоа што луѓето се береле(се собирале) на тоа место. Се поставува прашањето од каде се берело населението. Па од старите населби во месноста Туртела, Селцаа, Рибница,Раздоло, Клепало, Добри Лаки и други, а подоцна и од другите Малешевски села. Во почетокот на ??? век во Берово се доселувале и од Битола и од Крушвско. Исто така било можно доселување и од разурнатиот град Малеш. Според нашите сознанија Берово го добило своето име, најверојатно според втората верзија, а не по името на сточарот Берово.


Патна мрежа и сообраќајна поврзаност

Градот Берово се наоѓа во источниот дел на Република Македонија и е поврзан со сообраќајниот систем на државата само со системите на патна мрежа и меѓуградскиот сообраќај на патници. Општината Берово е поврзана со два регионални патни правци према внатрешноста на Република Македонија, со: -Р-527-Кочани-Виница-Берово-Клепало (граничен премин)
-Р-523-Делчево-Пехчево-Берово-Струмица -Р-524-Берово-Клепало (граница Р. Бугарија), кој не е активен поради
неоформеност на структурата од страна на Република Бугарија, но сега има одобрено средства од Европска Унија и од октомври
2005 год., ќе се
почне со изградбата. -Р-603-Берово-Подареш-Радовиш е во форма на проектирање.

Сите селски населби од општината се поврзани со градот Берово со асфалтирани локални патишта. Локалните патишта се со вкупна должина од 26,4 км и 109,94 ха од кои 14% се неасфалтирни земјени патишта. Од градските улици 27,94 км се асфалтирани и зафаќаат површина од 175,8 м2.
Основната улична мрежа на градот Берово ја сочинуваат ул “Маршал Тито”, која се протега во источниот дел на градот и минува по целата негова должина и е дел од регионалниот патен правец Р-524 Берово- Клепало; ул “Новопроектирана” е обиколната сообраќајница поставена северозападно од градот и е дел од регионалниот патен правец Р-523
Делчево, Пехчево, Берово, Струмица; ул ”Борис Кидрич”; ул “Гоце Делчев”; ул “Партизанска”; ул “23ти Август” и ул “Илинденска”. Локалниот транспорт помеѓу Берово и околните населени места се одвива со јавен автобуски превоз, такси превоз и велосипеди или мотори. Во центарот на градот се наоѓа меѓуградската автобуска станица. Преку меѓуградскиот автобуски превоз Берово се поврзува со другите градови во државата и надвор од неа. Со отворање на граничниот премин према Република Бугарија се очекува да се зголеми фрекфенцијата на автобуси и патници.


Местоположба


Во источниот дел на Македонија, на надморска височина од 670 до 1050 метри, се наоѓа Малешевската висорамнина. Таа се простира по должините на државната граница со Република Бугарија, природно заградена од исток со планините Кадиица Влаина, и со источните падини на Малешевските планини, со врвовите Голем Требомир и Ченгино Кале; од запад со планините Плачковица, Обозна и Голак; од југ со планините Огражден и Џами Тепе и од север со врвот на Бејаз Тепе и Дебел Орман.
Вкупната површина на областа изнесува 805,60 квадратни километери. Таа се простира по горното течение на реката Брегалница, нај големата лева притока на реката Вардар.
Нај високата географска точка на Малешево изнесува 1932 метри, а нај ниската 670 метри надморска височина.
Малешево е распространето во границите од 41 ,06 до 41 ,53 Северна географска широчина. Нај јужниот дел е на границата со Бугарија кај реката Лебница, на 41 ,60 географска широчина. Најсеверната гранична точка е во месноста Мехмедов Бор, на 41 ,53 географска широчина, Најисточната точка е на 23 ,12 географска должина, на 17,44 метри надморска височина, близу до Ченгино Кале. Најзападната точка е на 22 ,37 геогрфвска широчина, а се наоќа на Лева Река ( Плаваја ), во близина на месноста Караѓузлија.
.Територијата на Малешево зафаќа 3,17% од вкупната површина на Република
Македонија, а обработливата површина е 0,32%.Овие податоци покажуваат дека нај голем дел од просторот на Малешево е под шима и пасиште, односно е составен од необработлива површина.


Клима


Малешево се наоѓа на просторот меѓу реките Вардар и Струма, Заградено со високи планини, поради што е оневозможено влијанието на морските струења по долините на споменатите реки. Со оглед на тоа што Малешево е подотворено од север и од северозапад откај Пијанец и Осогово, во него се најчести и ветровите од тој правец, поретки се ветровите од југ, а најретки од исток.
Просечната облачност во годината изнесува 52% или нешто повеќе од пола година небото е покриено со облаци. Најоблачни се месеците ноември (просечно 68% ), јануари ( 66% ) и декември ( 63% ) Облачноста е најмала во месеците август (просечно 26%), јули ( 32% ) и септември ( 33% ).
Сончевиот период просечно иснесува 2,375 часа годишно. Најсончево е во месеците Август ( просечно 342 часа ) и јули ( 326 часа ) а најмалку сончево е во месец декември ( просечно 95 часа ).
Просечното годишно количество врнежи се движи од 677 мм/м2 во с.Владимирово, 724 мм/м2 во с.Митрашинци, до 789 мм/м2 во с. Црник. Врнежите се нерамномерни распоредени и најмногу ги има во месеците мај, јуни и ноември. Најсушни се месеците јули, август и септември. Просечната врнежливост е 90 дена годишно, а најчесто врне дожд, поретко снег. На најниските делови во Малешево снегот се заджува просечно 33 дена во годината, а на повисоките предели и повеќе. Снежни се месеците декември, јануари и фев
Температурни вредности под - 200 С се забележани само во трите зимски месеци, додека во другите месеци температурите се повисоки, а во месеците јуни, јули, август и септември температурите се движат и до 300 С. нај висока температура е забележана во месец август 1958 година, 350 С. Нај ниска температура од - 31.50 С била забележана на 27 јануари 1954. Оваа температура претставува апсолутен минимум за република Македонија во последните 47 години.
Покрај врнежите од снег и дожд, во Малешево често е присутен и градот, особено во летните месеци.
Просечната влажност на воздухот во зимските месеци ( декември, јануари и февруари ) изнесува 78Y, додека летните месеци ( август со 65Y и јули со 69Y ) се посуви. Во однос на пониските подрачја и реони во Република Македонија, каде што влажноста е помала од 60Y, влажноста во Малешево е умерена.
Со оглед на големата надморска височина и на затвореноста на котлината од влијанието на морските струења а по долините на реките Вардар и Струма од една страна и подотвореноста на котлината кон северсеверозапад од друга страна, климата во Малешево е планинско континентална, со свежи лета и со студени зими.


ФЛОРА И ФАУНА


Од шумите најзастапени се боровата шума (ф. Пинацае), дабовата шума (ф. Љуерцацае) и буковата шума (ф. Фагацае). Како резултат на долгогодишното интензивно искористување на дабовите шуми, тие се сега во фаза на формирање на млади садници со различна густина. Буковиот појас е застапен во планинскиот и подпланинскиот појас. Вториот појас најчесто е испрекинат и неконтинуиран. Подобро се зачувани горските букови шуми, тие се од големо значење за шумското стопанисување. Во појасот на буковите шуми се јавуваат ацидофилни борови шуми. Над нив има комплекси од бел бор (сп.Пинус Сѕлвестра), реликтни шуми, со добар квалитет во сливот на Ратевска Река. Ливадите се малку застапени и тоа во близина на реката Брегалница. Поради потиснување на шумите, брдските пасишта се протегаат на големи пространства, спротивно од планинските пасишта се застапени во мал обем.
Како составен дел на биоценозата во подрачјето на општината се среќаваат најразлични форми од групата на водоземците, цицачите, влечуги, птици и скакулци. Групата на птици и цицачи од оделни биотопи ја сочинуваат бројни асоцијации, со бројни единки кои се среќаваат од најниски до највисоки надморски височини.
Од влакнест дивеч се среќаваат: зајак, срна, волк, дива свиња, лисица, дива мачка, куна, јазовец, видра, ласица.
Од перјаст дивеч се среќаваат: камењарка и полска еребица, фазан, гулаб, грлица, подполошка, диви пајки, јастреби, шљуки, лиски, лештерки, страчки, гаврани, чавки, орли и др.
Од редот на птици загрозена е еребицата камењарка, а од ситен и крупен дивеч загрозени се еленот и срната- од крупен дивеч, а зајакот од ситниот дивеч.

Последно освежено на Среда, 26 Јануари 2011 13:23