Сред божествената убавина на Малешевијата, на излезот од градот Берово (на патот кој води кон езерото), е сместен хотелскиот комплекс "Манастир". Тој се одликува со традиционална манастирска архитектура, налик на манастирот Св. Архангел Михаил, до кој и се наоѓа.
Хотелскиот комплекс „Манастир“ располага со сместувачки капацитет од 10 апартмани (од кои два се делуџе) и 20 соби, нивниот повеќе од пријатен амбиент, кој е симбиоза на традиција и модерен комфор го задоволува и вкусот на најпребирливите.
Ресторанот и ресторанската тераса се одликуваат со етно елементи и се во рустичен стил. Опслужувањето е од национална кујна со мени богато со локални специјалитети. Со регионална привилегија на богатство на избор на еко-производи и производи со органско потекло, карактеристични за Малешевијата и со вкус кој никогаш не се заборава. Летните тераси и чардакот со прекрасен поглед на шума над реката Брегалница, ќе ви пружат единствени моменти на релаксација и уживање.
Во склоп на комплексот Манастир, има и целосно опремена сала за семинари, со што хотелот станува совршен избор и за оние кои доаѓаат во работна посета (семинари, состаноци, работилници, работни средби...). Во „Манастир“ можете да дојдете и да го усовршите својот работен тим, низ програма за теам-буилдинг, да ги подобрите и да ги зацврстите меѓучовечките односи меѓу запослените и соработниците и добро да се забавувате.
Хотелскиот комплекс „Манастир“ во својата понуда содржи и терен за тенис, кој може да се пренамени во терен за фудбал или кошарка, терен за одбојка, баскет, сквош, изнајмување на велосипеди, детски парк со лулашки. Организираме и екстра активности и излет -програми, како би можеле на нашите гости да им ја доближиме и да ја искусат од близу традицијата, обичаите и природата на Малешевијата.
Планинското опкружување, езерото, маркираните велосипедски и пешачки патеки, се најпогодното место за релаксирачки прошетки, за љубителите на планинарењето и моунт-бикинг, како и за оние кои бараат авантури и предизвици, но исто така и за поклониците на ловот и риболовот, а и кајакарите на мирни води ќе го пронајдат овде токму она по што трагале.
Ако ви е здодеана бучавата, загадениот воздух, ако сакате чиста животна средина далеку од фабричките оџаци, силните електро магнетни зрачења на градот, дојдете, бидете гости на хотелскиот комплекс Манастир и земете дел од нашиот неисцрпен мир и спокој, бидете дел од екотуризмот!
„Манастир“ има три хотелски крила, во чии што состав влегуваат 10 апатрмани од кои еден е делукс, 21 соба и 6 супериор соби, со располагање на вкупно 67 легла. Сепак при полна негова искористеност, хотелот може да прими 100 лица. Сместувачкиот капацитет, е одлика на „модерното“, од причина што такво е побарувањето на денешниот современ турист, кој има потреба од удобност и конфор.Сите апартмани и соби се опремени со директна телефонска линија, мини бар, кабловска ТВ, бесплатна безжична интернет конекција, бања со тоалет, воедно истите, со исклучок на неколку, имаат и тераса со неповторлив поглед.
Супериор соба 2
Супериор соба 1
De Lux Апартман
Класичен апартман
Апартманите и собите немаат клима - уреди поради тоа што климатските услови се такви што воопшто нема никаква потреба од истите. Овде можете да уживате во пријатната дневна температура и во текот на летото кога во останатите делови од државата владеат неподносливо високи температури, додека пак ноќите се свежи и предусловуваат вистински одмор и сон. Во зима објектот се затоплува со сопствено парно греење.
Ресторанот чиј ентериер се одликува со елементи на етно-куќа и ресторанската тераса која е во рустичен стил, ги опслужува национална кујна, мени богато и со локални специјалитети, богатство на избор на еко-производи и производи од органско потекло, кои се привилегија карактеристична за беровскиот регион: Малешевската тава, горскиот компир, беровското сирење, буламачот, качамакот со домашно масло и ребра, домашното лепче, попарникот, бабината торта, слаткото од шумски јагоди..., ќе ги разгалат вашите сетила и ќе ве изненадат со вкус кој никогаш не се заборава.
Малешевска тава
Качамак со клиси
Буламач
Зелник
Печено јагне
Компир за топење
Горски компир
Бабина торта
Во склоп на ресторанската тераса има и традиционална фурна во која се приготвуваат голем број од специјлитетите на „Манастир“
Хотелскиот комплекс „Манастир“ нуди идеални услови за семинарски туризам, за одржување на семинари, презентации, конференции, деловни состаноци, едукација на кадри, средби, работилници, како и за тим-билдинг активности, за кои имаме комплетно опремена сала. Како втора сала за семинарски сесии го користиме „чардакот“, кој има намена и како простор за ДЈ и кароке забави, коктел забави како и неговата постојана клуб постава, за поминување на пријатни и забавни моменти со пријателите и колегите во пијалок или дегустирајќи ги нашите специфични и локални десерти. Ве уверуваме дека Вие и Вашите соработници, бизнис - партнери и гости ќе бидете воодушевени од Вашоит избор.
Големата сала за семинари и презентации е со 60 седишта, малата сала за состаноци е со 10 седишта. Тие заедно со капацитетот на легла кои што го нудиме и околината која ви ја претставивме го чинат хотелскиот комплекс "Манастир", идеално место за одржување на семинари, презентации, конференции, деловни состаноци, едукација на кадри, средби и работилници, а ве уверуваме дека и вашите соработници, бизнис - партнери и гости ќе бидат воодушевени од вашоит избор.
конференциска сала со 60 седишта и аперитив бар сала за состаноци со 10 седиш