|
There are no translations available.


Потеклото и традицијата се основа на постоењето на секое битие. Со нивното запознавање се спознаваме самите себеси, нашата култура и живеењето на нашите предци. Културата на живеењето полека но сигурно се повеќе ни наметнува да ја запознаеме и да ја цениме нашата традиција, затоа што сепак и пред нас постоел живот со својствена за него традиција и култура.
Од друга страна современото темпо на живеењето и трагањето по здрав живот не враќа кон природата и нејзините благодети, како и кон еколошки произведена и здрава храна.
|

|
20 Јануари - Ратевски карневал “Бамбурци“ На 20 Јануари во с. Ратево се одржува Ратевскиот карневал “Бамбурци“, културна манифестација, која е директно поврзана со верскиот празник “Собор на Свети Јован Крстител“ - Јованден. Покрај традиционалниот настап на “Ратевските бамбурци“,карневалот е збогатен со презентација на други активности, поврзани со традиционалните обичаи во Малешевијата во зимскиот период, како што се:
|
 |
Обичајот “Најатка“ (донесување дрвце и давање подарок на децата) Обичајот “Прошка“ - голем копен (Стреловиште).
 |
Април - Велигден. Избор на најцврсто и најубаво декорирано јајце.
Велигден е христијански празник со големи традиции во општина Берово. Секоја година на Велигден се организира манифестација за избор на најцврсто јајце (качор) и за најубаво украсено јајце. Манифестацијата е збогатена со културно-уметничка програмаци“. |
 |
 |
10-18. 08. - Ликовна колонија Берово Ликовната колонија Берово континуирано се организира од 2003 година и има меѓународен карактер, со учество на уметници од Македонија, Бугарија и Србија. Делата секоја година се изложуваат во Берово, како и во повеќе градови низ Македонија. |
 |
 |
23 - 28. 08 - Меѓународен фолклорен фестивал “Малешевски фолклорни средби“. Секоја година во месец август во Берово се организира меѓународен фолклорен фестивал, на кој домаќин е КУД “Димитар Беровски“ од Берово, а земаат учество фолкорни состави од Р. Македонија, Р. Бугарија, Р. Србија и пошироко. |
|
 |
23. 08. - Ден на Општина Берово Денот на ослободувањето на Берово е празник кој е проследен со традиционален вечерен концерт, како и низа на културни настани во текот на денот, меѓу кои и изложба на дела од Ликовната колонија. |
|
 |
27 - 28. 08. - Меѓународен саем на традиционални производи “Малешевијата на дланка“ За промоција и доближување до потрошувачите на традиционалните изработки и производи во Берово секоја година на 27 и 28 август се организира меѓународен саем на традиционални производи “Малешевијата на дланка“ На саемот се претставени три сектори: здрава храна, вешти раце и сувенири и резби.
|
 |
На саемот може да ги вкусите и да купите од прочуените малешевски млечни производи (овчо сирење, биено сирење, кашкавал, урда, кравјо сирење, козјо сирење, матеница и др.), мед и пчелни производи - различни видови мед во зависност од додатоците (ореви, бадеми, лешници) но и лековити пчелни производи (прополис, восок, матичен млеч и др.), диви шумски плодови (капини, малини, јагоди, боровинки, шипинки) и нивните преработки (сок, слатко, компот) но и преработките од сливата, вишната, црешата, аронијата и др., како и компир, грав, тикви, пченка и други локални производи, но и домашна сливова ракија. Меѓународниот саем на традиционални производи е сврзан со празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот познат како ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА, кој во православниот христијански свет се прославува на 28 ми август.
 |
Октомври Меѓународно рели со теренски возила На почетокот на октомври, секоја година Берово е домаќин на меѓународно рели со теренски возила. Настанот се организира на месноста Шушлевец, на патека која е специјално подготвена за потребите на релито |
 |
 |
11 Октомври - Ден на компирот во Малешевијата. Манифестацијата е со изложбено-продажбен карактер, на која што се претставуваат различните сорти компири и за време на која што можете да дегустирате од локалните специјалитети од компири во комбинација со прочуените малешевско сирење и малешевска сливова ракија. |
 |
 |
Декември - Марш од с. Русиново до Петлец По повод одбележувањето на смртта на македонскиот револуционер Дамјан Груев и оддавање чест за неговото дело секоја година се организира марш од с. Русиново до планината Петлец, на местото каде што е убиен во 1906 г.
|
|