| Заврши проектот berovobooking |
|
There are no translations available.
Почитувани сопсвеници на туристичките понуди објавени на нашиот портал, ве известуваме дека заврши проектот berovobooking.com.mk кои беше финансиран од SNV (Холандската Развојна Организација) која постои веќе 45 години и која работи во 32 земји околу светот.
Така мината година SNV го подржа проектот за отварање на туристички веб портал со цел да се промовира туризмот во Малешевијата кои на триесетина сопственици од Малешевијата им дадовме можност бесплатно да ги промовираат своите туристички понуди. Во текот на изминатата година berovobookig стана популарен портал преку кои сите заинтересирани туристи можеа да се информираат за сместувањето во Малешевијата и директно преку порталот да резервираат во одредена понуда како и да најдат контакт телефони за резервација.
Проектот berovobooking од самиот почеток беше испланирано SNV да го финансира неговото изработување и една година оджување, а потоа да продолжи самостојно да функционира со помош на администаторот Зоран Двојаковски и со самите сопственици на сите туристички понуди кои ги имаме објавено на порталот. Проектот заврши во октомври 2010 година, сега кога имаме развиен портал би било добро да ја зачуваме неговата корисна функција, мора да продолжи самостојно да работи и за таа цел е потребна подршка и од сопсвениците на сите сметувачки капацитети кои се објавени на berovobookig
BerovoBooking ке наплатува едногодишна чланарина од 1.000 МКД годишно за одржување на порталот и покривање на трошоците. Во оваа прилика сакаме да ги информираме сите сопственици дека најкасно до 01.Април 2011 да ја платат својата чланарина кај Администраторот Зоран Двојаковски на улица Белградска Бр,5 Берово или на Tрансаксиска сметка СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ Филијала Берово за повеќа информации обратетесе на неговиот телефон 070 807 663
Сете оние кои нема да сакаат соработка нормално е да се отстранат од Berovo Booking но нема трајно да бидат избришани ниту отсранети, едноставно ќе бодат исклучени од порталот, во денот кога ќе ја платат својата чланарина повторно ќе бидат вклучени за една година, следната година доколку не ја платат чланарината до истекот на последниот ден, системот автоматски ќе ги исклучи.
Како новина е и тоа што од сега натаму сите онлајн резервации ќе пристигнуваат директно на вашата емаил атреса и самите вие ќе контатирате со сите потенцијални заинтересирани туристи. За таа цел е потребно да имате отворено електронсака пошта односно E-Mail. Сакаме да ги информираме оние сопственици кои намат оставено свој E-Mail на порталот, да отворат свој E-Mail и да ни го испратат најкасно до 01.Април 2011 . Сите оние што немаат можност да работат со електронска пошта на нивниот профил ќе пишува резервација само по телефон.
За сите кои накнадно сакаат да се приклучат на нашиот портал тоа можат да го сторат на истиот начин како и до сега преку електронска Апликација или директно кај Администраторот Зоран Двојаковски на Ул.Белградска Бр.5 Берово. за повеќе информации на тел: 070 807 663. E-Mail: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it |





Berovo Booking