Бугари ќе ја преплават Малешевијата за новогодишните празници
Новости
Written by Даниела Такева   
Wednesday, 22 December 2010 14:49
There are no translations available.

Бугарски туристи ја окупираа Малешевијата за Нова Година. За прв пат по повод новогодишните празници, над 60% од резервациите се за гости од Софија, кои го пронашле Берово преку интернет и самоиницијативно, без туристички агенции резервирале места во хотел во Берово.

За новогодишните празници сите капацитети, приватни вили и двата хотели се резервирани. Новата година во Берово ќе ја дочекаат и гости од Охрид, Битола, Гевгелија и Скопје.

Малешевијата со своите раритети, полека но сигурно, ги освојува љубителите на планинскиот туризам, го нуди сето тоа што го бара современиот турист и ја заслужува довербата на туристите, вели младиот хотелиер од Берово, Антонио.


- Уште пред две недели е потполнет капацитетот, вели Антонио Арнаудовски, хотелиер во Берово.

Неговиот брат Владо, кој студира психологија во Бугарија, 4-та сезона работи во зимскиот центар Банско, како администратор - рецепционер. За него работата дава дополнителни приходи за егзистенција, но и можност да го научи овој занает. Според него во Малешевијата туристичките работници треба уште да го печат туризмот како занает.

- Би се вратил, ако има перспектива и услови за живот и тие знаења од таму да ги пренесам овде, вели Влатко Арнаудовски, студент во Бугарија.

По примерот на поголемите центри, Берово се подготвува за новогодишните празници. На беровскиот плоштад Новата Година ќе се дочека со поп ѕвездата Елвир Мекиќ.

- Организираме дочек на Новата Година, не само за беровци туку и за сите туристи, вели градоначалникот на Берово, Драги Наџински.

Зимската приказна на Берово, сепак зачинета на македонски начин. Ако периодов се бара место повеќе за да се зимува во Малешевијата, рекреативниот центар Малешево, бунгаловите и Детското одморалиште, со околу 300 легла, и оваа сезона се под клуч. Минситерството за труд, не е заинтересирано овој центар да проработи, обвинуваат 12-те работници кои тужат за плати и придонеси.

 

Извор: Канал 5 - Даниела Такева