Новости од туризмот во Малешевијата
Возрасните си играат со одморалиштата за деца
Новости
Written by Administrator   
Saturday, 02 April 2011 23:54
There are no translations available.

Објектите во кои се создавале детските спомени на многу генерации, денес се затрупани. Некои со шут и со ѓубре, други со имотноправни, концесиски и судски проблеми

Едно работи, неколку функционираат под сомнителни околности, пет-шест можеби ќе проработат, но не мора, а преостанатите или се пренаменуваат или безнадежно пропаѓаат. Детските одморалишта во Македонија се уште едно поглавје од приказната за дводецениската транзиција од која земјава сé уште го бара излезот. Никој не направи вистинска стратегија за објектите во кои се создавале детските спомени на многу генерации, а во чии благодати денешните деца не можат да уживаат. Одлуките за решавањето на статусот се менуваа заедно со владите. Една реши одморалиштата да им ги даде под закуп на вработените, тие да се грижат за нив и да ги управуваат, а на државата да и плаќаат кирија. Друга, пак, одлучи да ги продаде на приватни инвеститори или да ги подари на државни институции. Различните концепти направија хаос, одморалиштата останаа во некој меѓупростор, што им овозможуваше само да пропаѓаат или да функционираат сомнително, без да се знае кој им е газда и кој ги управува.

Министерството за труд и социјална политика е задолжено да го реши проблемот со одморалиштата и тоа ги води постапките за продажба. Тоа се одвива според простиот принцип „стока за пари“, без никакви дополнителни обврски за инвеститорите. Затоа е малку веројатно дека некое од нив повторно ќе ги отвори портите за децата, како класично одморалиште.

 
Бачилото „Клепало“ на Малешевијата, најпознатото бачило на Балканот
Новости
Written by Даниела Такева   
Sunday, 30 January 2011 16:31
There are no translations available.

Семејната вековна традиција спакувана како понуда за алтернативен туризам редовно носи стотици гости од светот на најпознатото бачило на Балканот, бачилото Клепало. На надморска височина од 1350 метри, покрај самата граница со Бугарија, само на неколку километри од убавиот Пирин, ова бачило е Мека за туристите.

Секоја пешачка патека низ питомите Малешевски планини започнува и завршува со бачилото, со гордост вели неговиот сопственик 42-годишниот Владо. Овој човек, сфатил дека туристите го сакаат сето тоа што го изгубиле со годините на урбанизација, сакаат да се вратат на традицијата, на старата и добра кујна, на недопрената природа и чистиот воздух.

-Нé посетуваат гости од Холандија, биле од Америка, од Австралија, од Германија, од цел свет. Секој кој што слушнал за Малешевијата, тој дошол на бачилото. И сите тие најмногу сакаат да ги пробаат старите малешевски специјалитети, да пробаат шарено месо од каче, сланина, сирење, но и да пешачат низ планината. Да дојдат во допир со стоката, овците, се интересираат за нашиот живот овде, вели Владо Панговски, сопственик на Бачилото „Клепало“.

 
Заврши проектот berovobooking
There are no translations available.

Berovo Booking

Почитувани сопсвеници на туристичките понуди објавени на нашиот портал, ве известуваме дека заврши проектот berovobooking.com.mk кои беше финансиран од SNV (Холандската Развојна Организација) која постои веќе 45 години и која работи во 32 земји околу светот.
SNV е посветена на општеството каде што сите луѓе ја уживаат слободата за реализирање на сопствениот одржлив развој.

 

Така мината година SNV го подржа проектот за отварање на туристички веб портал со цел да се промовира туризмот во Малешевијата кои на триесетина сопственици од Малешевијата им дадовме можност бесплатно да ги промовираат своите туристички понуди. Во текот на изминатата година berovobookig стана популарен портал преку кои сите заинтересирани туристи можеа да се информираат за сместувањето во Малешевијата и директно преку порталот да резервираат во одредена понуда како и да најдат контакт телефони за резервација.

 
Бугари ќе ја преплават Малешевијата за новогодишните празници
Новости
Written by Даниела Такева   
Wednesday, 22 December 2010 14:49
There are no translations available.

Бугарски туристи ја окупираа Малешевијата за Нова Година. За прв пат по повод новогодишните празници, над 60% од резервациите се за гости од Софија, кои го пронашле Берово преку интернет и самоиницијативно, без туристички агенции резервирале места во хотел во Берово.

За новогодишните празници сите капацитети, приватни вили и двата хотели се резервирани. Новата година во Берово ќе ја дочекаат и гости од Охрид, Битола, Гевгелија и Скопје.

Малешевијата со своите раритети, полека но сигурно, ги освојува љубителите на планинскиот туризам, го нуди сето тоа што го бара современиот турист и ја заслужува довербата на туристите, вели младиот хотелиер од Берово, Антонио.

 
Туристичко биро наскоро и во Берово
Новости
Written by Иван Бојаџиски   
Thursday, 14 October 2010 11:42
There are no translations available.

Туристичко биро ќе добие и Берово, место кое последниве години силно му е посветено на својот основен ресурс - туризмот. Градоначалникот Драги Наџински вели дека општината била во постојан контакт со Агенцијата за развој на туризмот, а работите за отворање на бирото биле во финална фаза.


„Од година во година имаме се' повеќе гости, а се отвораат и нови туристички капацитети. Туристите престојуваат и во домовите на многу беровски семејства. Но, немаме евиденција за севкупноста на понудата. Отворањето на туристичкото биро ќе ја надомести празнината“, тврди беровскиот градоначалник.

 
Македонија- неоткриена тајна за туристите од Австралија
Новости
Written by Даниела Такева   
Monday, 04 October 2010 05:16
There are no translations available.

Македонија е како неоткриена тајна, и многу ни е мило што имаме можност бидеме во првите од далечната Австралија што ја откриваат, вели Тони Вилијам Грум, гостин од Австралија  Ова се зборовите на 72- годишниот туристички оператор Тони, кој со своите пријатели дојде во Македонија на одмор.
Бидејќи Македонија не би била интересна без Малешевијата, тие во својата агенда освен Охрид и Битола, имаат четири дена престој во Малешевјата. Воден од богатото искуство како туристички работник сподели со нас дел од тајните за успешен туризам во малите места- приказната на секое место живее и најдобро се раскажува преку локалните занаети и производи, потребна е нивна афирмација и развој.

 
« StartPrev123NextEnd »

Page 1 of 3